Спасувачките служби работеа во текот на ноќта за да спасат две лица заробени во авионот, кој сè уште е заплеткан во кабли.
Мал приватен авион удри во високонапонски далноводи на околу 50 километри северно од Вашингтон во неделата, предизвикувајќи огромен прекин на електричната енергија во областа.
Спасувачките служби работеа во текот на ноќта за да се обидат да спасат две лица заробени во авионот, кој сè уште беше заплеткан во каблите, објави Ројтерс.
Уривањето на авионот во високонапонски далноводи предизвика прекин на електричната енергија за повеќе од 120.000 клиенти, се вели во соопштението на Пепко, комунална компанија од Вашингтон.
Според соопштението на Федералната управа за авијација (FAA), авионот Muni M20J летал од Вестчестер, Њујорк и требало да слета на Монтгомери Ерпарк, аеродром кој се наоѓа недалеку од местото на несреќата.
Авионот се урнал околу 17:30 часот по локално време во селото Монтгомери, во државата Мериленд, во услови на магла и зголемена влажност на воздухот, соопшти Спасувачката служба на Мериленд, јави Танјуг.
Локалните патишта се затворени, а многу семафори во областа се исклучени.