Приватен авион во сопственост на санкционираниот руски олигарх Роман Абрамович рано утринава слета во Москва, откако претходно по кратко застанување полетал од Истанбул, покажуваат податоците на веб-страницата „Флајтрадар24“.

Авионот на Абрамович, сопственикот на британскиот клуб „Челзи“, пристигнал вчера од Израел во Истанбул, набргу откако бил виден на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, пренесува Ројтерс.

Абрамович е меѓу седумте руски милијардери додадени на британската листа со санкции минатата недела, како дел од напорите на официјален Лондон да го изолира рускиот претседател Владимир Путин поради рускиот напад врз Украина.

Ројтерс наведува дека Абрамович има и израелско и португалско државјанство и дека тој постојано негирал дека има блиски врски со Путин.

By Author