Мирот меѓу Русија и Украина е можен во 2023 година ако им се верува на перуанските шамани.
Собрани на врвот на еден рид, облечени во традиционална облека на Андите, шаманите ја дочекаа претстојната нова година со церемонија на прочистување со цвеќиња, темјан, змија и фотографии од украинскиот и рускиот претседател.
„Сето тоа ќе се смири. Мир, мир ќе дојде. Го видовме тоа“, рече шаманот Клеоф Седано, предвидувајќи дека во август ќе биде потпишан мировен договор.
Инаку, оваа церемонија се изведува секоја година кон крајот на декември.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски силно го промовира мировниот план од 10 точки.
Шаманите предвидувале и природни катастрофи.
„Следната година ќе има земјотрес, но не во главниот град на Перу, на друго место, најмногу во странство во северниот дел на Америка, што би можело да биде САД… ќе има многу трагедии, главно климатски“, рече шаман Валтер Аларкон, пренесува Јутарњи.лист.