Иранскиот претседател повика на решителна реакција на „поткопувањето на безбедноста и мирот во земјата“

Во бранот протести кои го зафатија Иран по смртта на 22-годишната девојка Махса Амини, досега загинаа најмалку 41 лице, јави денеска државната телевизија.

Протести по нејзината смрт избија во повеќето од 31 провинција во Иран, објави Ројтерс.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси вчера изјави дека Иран мора „одлучно да се справи со оние кои ја поткопуваат безбедноста и мирот на земјата“, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извештај на иранските државни медиуми.

Раиси ова го изјави за време на телефонски разговор, во кој изрази сочувство до семејството на припадникот на безбедносните сили кој беше убиен на протест минатата недела.

На некои од снимките што кружат на социјалните мрежи, може да се види како полицијата пука во невооружени граѓани во северозападните градови Пиранша, Махабад и Урмија.

Во видеото споделено од невладината организација Иран за човекови права со седиште во Осло, се гледа како полицаец пука со автоматска пушка АК-47 кон демонстрантите на булеварот Фердуси во Техеран.

Има бројни сведоштва дека полицијата пукала во правец на деца чии родители ги однеле на протестите.

https://twitter.com/TpyxaNews/status/1573935776978665472?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1573935776978665472%7Ctwgr%5Edebc184b996501b5bfb06f89078f4ba0d07ca10f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsvet%2Fsokantni-prizori-iz-irana-revolucija-je-pocela-policija-puca-na-sve-video%2F

Раиси рече дека провладините демонстрации во Иран ја покажале целосната моќ на Исламската Република, а Ројтерс објави дека провладините демонстранти повикале на егзекуција на луѓето кои протестирале против режимот откако 22-годишна девојка починала, велат тие, од тортура од таканаречената полиција за морал, пренесува Танјуг.

Амини, девојка од иранската провинција Курдистан, падна во кома и почина откако беше уапсена од моралната полиција во Техеран минатата недела поради непочитување на правилата за хиџаб, што предизвика демонстрации во неколку области, вклучувајќи го и главниот град.

By Author