28 години поминаа од првиот 7ми мај кој беше прогласен за ден на Македонската Полиција.Овој датум е избран од тогашната влада на чело со Никола Кљусев, а во чест на реорганизацијата на власта и безбедноста на ТМРО која се одржала на Смилевскиот конгрес истит ден во 1903година.

И така како еден новинар кој има некој свој во редовите на полицијата многу размислував како да им го честитам денот и да ги возвишам луѓето кој 24/7 ни стојат на располагање,тука се кога се слави но и кога работите излегуваат од контрола, тие беа тука и кога Вардар беше шампион, и кога сите протестираа, тука се и сега за пандемија а ќе бидат тука и понатаму.На луѓето кои се “венчале” со државата па тука се и кога до ништо не им е и имаат лош ден а тука се и додека сите одмараат за граѓаните да бидат безбедни едноставно тие се тука.Па затоа на овој ден да ги испочитуваме и поздравиме оние кои ги положија своите животи за татковината но и оние кои секојдневно се тука и се справуваат со разни предизвици и тешкотии грижејќи се за безбедноста на граѓаните.

Во нивна чест еден мал краток текст напишан како честитка од еден полициски службеник: “Да бидеш добар полицаец треба најпрво да расчистиш со себе од која страна на Законот сакаш да бидеш. Треба да се навикнеш да ги носиш палицата и пиштолот до фаза веќе и да не ги приметуваш, а не прво вработување да ти биде канцеларија, треба да ги искинеш чизмите од асфалтот, а не да ги замениш за адидас патики. Не мора да покажуваш сила на сите на улица, но доволно е кога ќе ти покажат сила да не вртиш грб. Никогаш немој да ја замениш бојата на униформата со партиска боја. Изгради свој интегритет, свое достоинство и не чекај да добиеш екстра бенифит за сработеното. Навикни се да те омаловажуваат, навредуваат и потценуваат и докажи им дека вредиш повеќе од нив, навикни се да се водиш според Законот а не според личните убедувања. Очекувај дека ќе изгубиш повеќе од приватниот живот, отколку што ќе добиеш од службениот.”

КОЛЕГИТЕ МОРА ДА ТИ БИДАТ КАКО СЕМЕЈСТВО И ДУРИ ТОГАШ ЌЕ ЗАСЛУЖИШ ДА ГО СЛАВИШ “7-ми Мај Денот на Полицијата”!ЧЕСТИТ ПРАЗНИК НА СИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

By Author