Тројца вработни и пет затвореници од штипскиот затвор се позитивни на Ковид-19 меѓу нив неофицијално е и поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков како и двајца осуденици за настаните на 27ми април.Затворениците моментално се наоѓаат во посебни простории во рамките на установата. Тестирани се и други осуденици кои имале контакт со вработените.

Штип е еден од градовите што допрва го очекува пикот на новиот бран на Ковид 19, само ноќеска оваа болест го зема животот на петмина пациенти во штипската клиничка од кои најмладиот е 48 години.

Чавков издржува 16-годишна затворска казна откако во март 2019 година беше осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со упадот во Собранието од 27 април 2017 година.

By Author