Ако пресадувате хризантеми од саксии во градината, задолжително направете го тоа пред првиот мраз.
Со многу малку труд и грижа, хризантемите се идеална есенска декорација во градините, жардинери и поголеми саксии на терасата.
Цутат во сите бои на виножитото, цветовите им се со различни форми и големини. Пупките се појавуваат на крајот на летото и продолжуваат да се развиваат и цветаат до доцна есен, некои дури и до зима. Засадени во градината, тие можат да формираат вистински шарени теписи.
Во овој период од годината, треба да земете растенија кои веќе имаат формирано корени. Иако се поубави кога се украсени со цветови, подобро е во есен да земете растение кое штотуку почнало да појавува пупки. Така подолго ќе уживате во нивната убавина. Благодарение на светлите бои на хризантемите, кои внесуваат веселост во мрачните бои на есента, терасите и градините можат да бидат место за долго уживање.
Облиците и големините на цвеќето се толку разновидни што покрај боите, можете да комбинирате и различни видови хризантеми, кои ќе изгледаат прекрасно. За да траат што подолго и убаво да цветаат, имајте на ум неколку работи.
Ако пресадувате хризантеми од саксии во градината, задолжително направете го тоа пред првиот мраз.
Местото на садење треба да има околу шест часа сонце дневно и добро дренирана почва.
Пресадете го растението во влажна, но добро дренирана почва. Ако почвата во градината е тврда, сува и глинеста, додадете компост или тресет мов во неа.
Не заборавајте да додадете ѓубриво во саксиите на хризантеми доколку ги оставате во купените саксија или пресадувате во поголеми.
Најдолго ќе цветаат ако ги засадите на сонце. Така, ќе се појават повеќе нови пупки. Тие ќе бидат убави и во сенка, но ќе се развиваат побавно и ќе цветаат пократко.
Често наводнувајте ги новопресадените растенија и не дозволувајте почвата целосно да се исуши. Подоцна, полевајте ги еднаш неделно, колку да е малку влажна почвата.
Ако долните листови станат кафени и цветовите почнат да паѓаат, тоа е знак дека не ги наводнувате доволно.
Доколку ги заштитите од зимски мразови, хризантемите убаво ќе ја дочекаат пролетта и ќе продолжат да растат.