Сосема е сигурно дека некои намирници го стимулираат потењето повеќе од другите. Исто така, некои луѓе обилно се потат додека јадат, најчесто во пределот на главата. Ова е таканареченото вкусно потење. Значи, сигурно е дека постои некаква поврзаност помеѓу храната и потењето, но не за секого.

Дознајте кои се најдобрите намирници против пот и кои правила на исхрана треба да ги следите за да ја победите хиперхидрозата.

Познат лекар издвоил која храна може да го зголеми потењето

Мирисот за време на потењето може да биде крајно непријатен, особено ако на облеката што ја носите се видливи огромни дамки. Најчесто прво се појавуваат под пазувите, но можат да се појават и на други места.

Иако на многумина им е непријатно, тоа е сосема нормална појава и всушност начин вашето тело да ја регулира температурата. Исто така, потта нема свој мирис како што многумина мислат. Само кога ќе дојде во контакт со бактерии на телото, потта добива остар и непријатен мирис, пишува Klixba.

Доктор Лори Хопер од здравствената организација „The Natural Deodorant Co“ наведува дека потењето игра важна улога во одржувањето на нормалното здравје и му помага на нашите тела да ја регулираат телесната температура и да ги отстрануваат токсините. Сепак, постојат некои намирници кои го зголемуваат потењето, па доколку сакате да ја намалите оваа појава, намалете ја нивната консумација.

Во основа, колку е потешко да се вари храната, толку поизразено може да биде потењето.
Значи, кои се најдобрите намирници против потење?
Па, онаа што најлесно се вари.

Храната што треба да ја избегнувате се силните зачини како што се кари и чили, месо и протеини, месни преработки, алкохолол.

Нашето тело реагира на зачинета храна на ист начин како што реагира на високи температури. Овие намирници ве тераат повеќе да се потите за телото да се олади.

Ако консумирате премногу протеини и помалку од сите други состојки од пирамидата на правилна исхрана, може да почнете да се потите прекумерно.

Протеинските диети за слабеење се многу популарни во последниве години, но тие можат да ги имаат овие несакани ефекти во форма на потење. Зошто и како е ова поврзано?

На телото му треба повеќе време за варење на протеините, а со тоа дополнително се загрева и доаѓа до потење.

Преработената масна храна носи многу уживање за повеќето луѓе, секојдневната исхрана само со овие намирници може да доведе до зголемено потење.

· Прво, потешко е да се вари.
· Второ, често е премногу зачинета.

И двете ќе ја подигнат вашата внатрешна телесна температура и ќе предизвикаат претерано потење. Да не зборуваме дека тоа ќе доведе до дебелеење. Според некои истражувања, дебелите луѓе се повеќе склони кон прекумерно потење. Причина за ова може да бидат узурпираните хормони.

Дополнително, д-р Купер наведува дека треба да избегнуваме и кофеин бидејќи го стимулира централниот нервен систем и ги поттикнува надбубрежните жлезди да работат понапорно.

Клучот е умереноста и комбинацијата со друга храна. Монотоната диета, без разлика каква и да е, сигурно ќе донесе некаков дисбаланс во телото.

By Author