Залудно е поминат секој ден ако не им го посветиме на оние што ги сакаме.

ОВЕН
Работа:
Можни се проблеми при потпишување договор или на службен пат. Внимавајте се да биде според законот или ако патувате да не изгубите некој важен документ. Компликации се можни на секој чекор.

Љубов: Доколку сте претерано нападни или ако на некој начин ги срушите илузиите на партнерот, можни се помали проблеми. Се чини дека некако трчате, брзате, без разлика што сака другата страна.

Здравје: Можни се проблеми со грлото и инфекции во тој предел, како и кога станува збор за усната шуплина. Зајакнете го вашиот имунитет за да може телото да се одбрани од вирусот.

БИК
Работа:
Имате впечаток дека сте под преголем притисок, што воопшто не ви се допаѓа. Можни се и помали трошоци, не се препорачува ризикување пари, играње игри на среќа и слично.

Љубов: Подготвени сте максимално да се посветите на саканата личност, но ви се чини дека таа погрешно толкува некои ваши зборови. Ќе ви требаат неколку дена за да можете да се договорите и да најдете заеднички јазик.

Здравје: Добро. Во моментов најважно е да се грижите за исхраната.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Лесно можете да добиете можност да направите грешка, која овојпат нема да остане незабележана. Грижете се за вашата концентрација. Најдобро би било да не се мешате во работи кои не ве засегаат.

Љубов: Не претерувајте со вашите лаги и манипулации. Може да се деси да дознаат многу полесно отколку што мислите дека е можно. Бидете јасни со себе за тоа што сакате од врската во која сте.

Здравје: Во текот на овој период може да ве придружуваат проблеми со вртоглавица и низок крвен притисок.

РАК
Работа:
Изгледате некако ирационално во оваа фаза. Многумина можеби коментираат дека вашите одлуки се „надвор од памет“. Најдобро би било да не се занесувате премногу и да не избрзувате сега со никакви заклучоци.

Љубов: Го запоставивте својот изглед, па речиси сте невидливи за оние кои ви се допаѓаат. Работете малку на себе и ќе ѓи забележите позитивните реакции кои доаѓаат.

Здравје: Може да имате мали проблеми со несоница или кога ќе заспиете да имате проблеми со кошмари. Ве мачат внатрешните немири и не можете да најдете лек за тоа. Спасот секако не е во алкохолот и апчињата.

ЛАВ
Работа:
Погрижете се да откриете кој шири гласини за вас. Можно е да се работи за личност со која сте блиски некое време и која ви изгледа целосно невина. Не бидете наивни овој пат.

Љубов: Доколку сте слободни, ќе ви дојде интересно познанство преку вашиот круг на пријатели. Ќе се помачите малку да ја освоите таа личност, ќе ви треба повеќе време отколку што мислите.

Здравје: Склони сте кон дебелеење, но тоа не е вашиот најголем проблем. Во наредниот период вашите нозе можат да бидат многу чувствителна точка, особено колената и зглобовите.

ДЕВИЦА
Работа:
Има некои нејаснотии и компликации помеѓу вас и претпоставените и не можете да влијаете на тоа. Исто така, можно е некој да има погрешна слика за вас и вашата работа, па на повидок се ситни проблеми.

Љубов: Немате трпение и лесно влегувате во конфликти со саканата личност поради секоја ситница што ве мачи. Некои работи веќе не ги поднесувате и мислите дека партнерот сериозно треба да се промени доколку планира да остане со вас.

Здравје: Можни се помали проблеми со ‘рбетот и коските.

ВАГА
Работа:
Внимавајте да не бидете изманипулирани или измамени. Држете се до реалните очекувања колку што можете повеќе. Не влегувајте во деловни зделки со луѓе кои се непроверени или кои не ги познавате доволно добро.

Љубов: Поволен период за започнување на врска на далечина или за запознавање и комуникација со личност која можеби е од друг град или соседна земја. Далечината нема да ве спречи да развиете чувства кон неа.

Здравје: Максимално избегнувајте алкохол, како и храна од сомнително потекло, добро измијте го овошјето и зеленчукот и не јадете ништо што не му е добар рокот на траење. Можно е труење.

ШКОРПИЈА
Работа:
Финансиите ви тргнаа надолу и се впуштате во долгови, кои воопшто не ви се допаѓаат. Сепак, некако ќе успеете да избалансирате се, па работата засега нема сериозно да трпи.

Љубов: Не сте претерано расположени за партнерот. Имате впечаток дека и тој се променил кон вас и повторно се сомневате во неговата верност. Сепак, обидете се да не претерате во некои работи.

Здравје: Внимавајте на исхраната, ви треба повеќе свежо овошје и зеленчук.

СТРЕЛЕЦ
Работа
: Треба да се вратите назад во времето и да ги преиспитате одлуките што сте ги донеле тогаш. Исто така, можно е да морате да се погрижите за некој недовршени работи. Сега ги чистите старите сметки.

Љубов: Партнерот ви е максимално посветен и работи напорно за вас, но како тоа да не ви е доволно. Имате чувство дека нешто недостасува, иако на прв поглед се изгледа идеално. Можно е да имате некои дилеми.

Здравје: Склони сте на алергиски реакции кои можат да ви предизвикаат помали проблеми. Не изложувајте се на премногу труд или стрес за да не се ставите во уште полоша состојба од постоечката.

ЈАРЕЦ
Работа:
Чувствувате дека вашето деловно опкружување е многу хаотично и дека сте единствената личност која би можела да внесе ред и мир. Најголем дел од обврските ќе се обидете да ги преземете на себе, како се би средиле.

Љубов: Немате многу време за партнерот, а понекогаш ни разбирање. Посакувате да побегнеш на некое време. Вагата би можела да ви го даде она што ви треба во моментов.

Здравје: Можни се проблеми кога е во прашање имунитетот и општо слабеење на организмот. Можно е да ви недостасуваат некои витамини или железо. Најдобро би било да ја проверите вашата крвна слика.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Ќе имате многу среќа во оваа фаза и ќе успеете да ги реализирате вашите планови. Не треба да има големи проблеми. Може да очекувате и мал профит.

Љубов: Ако сте слободни, наеднаш ви доаѓа нова љубов! Некоја личност која претходно не сте ја забележале ќе почне доста отворено да ви се додворува. Љубовните игри почнуваат и вие сте многу расположени за тоа!

Здравје: Во оваа фаза не би требало да има поголеми здравствени проблеми, генерално се чувствувате добро и имате многу енергија. Опуштете се и препуштете се на себе, нема потреба да се грижите премногу!

РИБИ
Работа:
Ви претстојат компликации на полето на приватната работа. Не прифаќајте сомнителни работници и не оставајте никому важни и доверливи информации. Потрудете се да ги заштитите вашите интереси.

Љубов: На емотивно поле ситуацијата е многу позитивна, уживате во убави моменти со саканата личност и сте заљубени. Посветени сте еден на друг до максимум, не се сомневате во љубовта што ја имате.

Здравје: Можни се помали проблеми со дигестивниот и пробавниот тракт. Ова поле е многу чувствително за вас, затоа треба да бидете внимателни. Променете ги вашите навики во исхраната.

By Author