На централниот плоштад во Алма Ати, главниот град на Казахстан, полицијата употреби шок бомби и солзавец кон демонстрантите. Претседателот Касим Жомарт Токаев го повикува народот на мудрост.

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска ја прифати оставката на владата, соопштија од кабинетот на претседателот откако поскапувањето на горивата во централноазиската држава богата со нафта предизвика протести во кои беа повредени речиси 100 полицајци.

Доцна синоќа полицијата употреби солзавец и шок бомби за да турка стотици демонстранти од главниот плоштад во Алмати, најголемиот град во поранешната советска република, а судирите траеја со часови во околните градови, јавува Ројтерс.

Овие демонстрации го разнишаа имиџот на Казахстан како политички стабилна и строго контролирана земја, која успеа да привлече стотици милијарди долари странски инвестиции во својата нафтена и метална индустрија во текот на трите децении независност.

Во разговорите со вршителите на должноста членови на привремениот кабинет, Токаев им нареди на нив и на гувернерите на провинциите повторно да воспостават контрола врз цената на течниот гас (ТНГ) и широк спектар на бензин, дизел и други „важни“ стоки за широка потрошувачка.

ој, исто така, нареди владата да подготви закон за личен банкрот и да размисли за замрзнување на цените на комуналните услуги и субвенционирање на кирии за сиромашните семејства.

Токаев рече дека ситуацијата се подобрува во градовите и местата каде што беа организирани демонстрации по прогласувањето на вонредна состојба, која вклучува полициски час и ограничување на движењето.

Протестите започнаа во неделата во провинцијата Мангистау, која произведува нафта во западен Казахстан, по укинувањето на прописите со кои се ограничи цената на течниот нафтен гас, популарно гориво за автомобилите, по што цената на горивото се зголеми за повеќе од 100 отсто.

Илјадници луѓе учествуваа во протестите, а во западната провинција Мангистау, каде што десетици беа убиени во протестите во 2011 година по отпуштањето на нафтените работници, демонстрантите побараа цената на ТНГ да се намали од 0,27 долари за литар на продажната цена минатата година што изнесуваше 0,11 долари.

Набргу потоа, казахстанскиот претседател Касим Жомарт Токаев ги повика собраните на протестите да не ги следат повиците на „деструктивните поединци“ кои се обидуваат да го нарушат единството на општеството, но најави и дека владата ќе ја намали цената на течниот нафтен гас.

Тогаш Токаев прогласи двонеделна вонредна состојба во најголемиот град во земјата Алма-Ата и во југозападната провинција Мангистау, објави прес-службата на претседателската администрација, пренесе ТАС С.

Извор-Танјуг

By Author