На тренинг дојдоа со модринки на лицето
Голем скандал ги потресе редовите на македонскиот шампион Шкупи, пред најважниот натпревар сезонава против Динамо Загреб во 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите!
Порталот „Спорт медиа“ јавува дека двајцата фудбалери Сандеј Адетуњи и Фаустин Сенгор
ноќта меѓу саботата и неделата биле на ноќно излегување и дека во таа прилика биле претепани.
Споменатите фудбалери наводно биле во еден од попознатите ноќни клубови и таму се однесувале недолично кон девојките, за потоа да бидат претепани од обезбедувањето на локалот.
Со јасни модрици на лицето дошле на тренинг во недела, а се дознава дека сепак ќе патуваат во Загреб на натпреварот – и покрај тоа што ја прекршиле клупската дисциплина и биле надвор од станот по 22 часот.
Дуелот меѓу Динамо и Шкупи е закажан за вторник од 21 часот, а оваа двојка денеска од 12 часот ќе го добие потенцијалниот ривал во 3. коло. Можни ривали се: Лудогорец – Шамрок, Аполон Лимасол, Ференцварош – Слован Братислава.