Српската компанија “Торлак” почна со производство на вакцините Спутник V кои би требало да може да се извезуваат во регионот.Сепак Македонија нема да нарачува од овие вакцини изјави денес министерот Филипче.

Министерот истакна дека Македонија нема потреба од дополнителни затоа што веќе има обезбедено 2.6 милиони вакцини, дополнително тој кажа и дека потврден е датумот на пристигнување на 200.000 вакцини на Синофарм и истите ќе пристигнат на 28 април.

Според најавите 20.000 вакцини на Фајзер треба да пристигнат во земјава, 10.000 на 19 и 10.000 на 26 април.

Со пристигнувањето на најголемата пратка од 200.000 ќе се забрза динамиката на имунизација на Министерот ќе оствари средба со градоначалниците во градовите каде што се планира масовна имунизација како во спортскиот центар Борис Трајковски а тоа се Куманово, Битола, Тетово, Кавадарци,Штип и Охрид. Според Филипче со масовната имунизација ќе бидат вакцинирани од 7 до 10.000 граѓани на ден.

By Author