Денеска во раните утрински часови полициски службенициво од Одделението за криммналистички работи Кисела Вода, по добиена судска наредба извршиле претреси во дом и други простории на неколку локации во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Претрес е извршен на ул.Рилски Конгрес – Кисела Вода во домот на С.Т.(67), и на ул.Александар Бујунов – Бутел во две куќи сопственост на М.З.(63).
При претресот е најден пиштол и разновидна опрема за копање на криптовалути (16 ригови машини со кои се копаат криптовалути со 99 графички картички и 1 мајнер) со кои се вршела кражба на електрична енергија, што било потврдено и од претставници на ЕВН.
По консултација со Јавен обвинител издадена е наредба за одземање на предметите и лишување на лицата во полициска станица до целосно документирање на случајот, по што против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – јавуваат од МВР