Навивачите на Наполи се познати како големи фанатици, а овој пат решија да ја оправдаат својата репутација.
Навивачите на Наполи им приредија топло добредојде на фудбалерите на Милан пред реваншот во Неапол, во четврт-финалето од Лигата на шампионите на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Поминаа доста време пред хотелот во кој беа сместени фудбалерите на гости и ја копираа тактиката на некои други навивачки групи кои претходно посегнаа по слични тактики.
Палеа факели, палеа огномети и навиваа со цел да им пречат на играчите на Милан да не спијат и да се подготвуваат за овој натпревар.
Милан има минимална предност од првиот натпревар на „Сан Сиро“ а единствениот гол го постигна Исмаил Бенасер.