Две кози се извлечени живи од урнатините 637 часа по разорните земјотреси во градот Нурхак, во турската провинција Кахраманмарас, јавува Anadolu Agency.

Работниците кои ги отстранувале остатоците од урнатините во селото Алчичек во еден момент слушнале звуци на животни, а потоа од под урнатините извлекле живи две кози кои биле под урнатините повеќе од 26 дена. соопшти кабинетот на локалниот гувернер.

По интервенција на ветеринарот, на козите им била дадена вода и храна, а локалните власти се погрижиле за нив бидејќи нивните сопственици биле надвор од градот, соопшти агенцијата.

By Author