Опасна закана преку Инстаграм предизвика страв во Виена во понеделникот вечерта. Корисникот се заканувал дека ќе убива во училиште во 5-та област во Виена.
Пораките од разговор преку Инстаграм предизвикаа страв и ужас во петтата област на Виена во понеделникот вечерта.
Корисникот на таа социјална мрежа, за кој се претпоставува дека е ученик на средното училиште кое ја добило заканата, испратил фотографии од пиштол и муниција на својот соученик и напишал дека сака да застрела неколку ученици и професори, како и директорот , објави „Хојт“.
Лицето кое ги поставило снимките од разговорот, исто така, му испратило на корисникот особено детален план за тоа како има намера да нападне повеќе паралелки во тоа училиште.
Веднаш била известена полицијата, како што соопшти прес-службата на државната полиција на Виена, а во училиштето е извршен претрес. Училиштето се уште е под полициски надзор.
„Ние го сфаќаме ова многу сериозно“, рече портпаролот на полицијата.
Официјални лица од државната криминалистичка полиција на Виена во моментов го истражуваат осомничениот.