Епицентарот бил во Тихиот Океан
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово крај брегот на рускиот полуостров Камчатка, соопшти регионалниот огранок на Геофизичката служба на Руската академија на науките.
Епицентарот бил во Тихиот Океан, во близина на јужниот брег на полуостровот, на 170 километри од Петропавловск-Камчатски, пренесува РИА Новости, јави Танјуг.
Земјотресот бил на длабочина од 103 километри, на 84 километри од селото Уст-Камчатск.