Набргу откако вчер беше уапсен поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, адвокатот Милан Антонијевиќ на Твитер истакна еден интересен факт: Шест часа пред да биде уапсен Борисов, Бугарија ја посетла првата антикорупциска обвинителка, Лаура Ковеши, романката Гардијан ја опишува како „максимално упорена во битка, не се грижи за ништо и никого“.
Главната европска обвинителка се сретнала со (бугарскиот) министер за внатрешни работи Рашков и министерот за правда Јорданов, а го посетила и генералниот обвинител Гешев.
Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов вчера беше уапсен од бугарското МВР поради злоупотреба на средствата на Европската Унија, а сега се појавија и првите фотографии и снимки од неговото апсење.
Како што објави бугарскиот весник „Марица“, Борисов и тројца негови сопартијци биле приведени за време на специјална акција на бугарската полиција во соработка со Европското јавно обвинителство.
Според неговиот адвокат, поранешниот премиер „не знае зошто е приведен“, туку само бил изнесен од неговата куќа и одведен во станица.
„Без дозвола од судот е извршен итен претрес. Нему му е одреден притвор до 24 часа. Постапката е во тек од 17 март, а не ми кажаа за што се работи“, рече неговиот адвокат.