Денеска е 26-ти ден од руската инвазија на Украина.
Во текот на вечерта Киев бил гранатиран од руската армија, а во таа прилика загинало најмалку едно лице.
Синока во воздушна акција на руските сили бил погоден трговскиот центар во Киев во областа Подил во главниот град на Украина, пренесува „Гардијан“.
Службата за вонредни ситуации на Украина соопшти дека во 22:48 часот по локално време добила повик дека избувнал пожар во неколку куќи и катови на трговскиот центар.
По тој повод се огласи и градоначалникот на Киев.
„Според информациите што ги имаме во моментов, погодени се неколку куќи и еден од трговските центри“, изјави Владимир Кличко на Телеграма, додавајќи дека најмалку едно лице го загубило животот.
Најлоша е ситуацијата и понатаму во Маријупоље, каде бројот на жртви од ден на ден расте.
Руските сили испратија ултиматум до градските власти да се предадат, но властите на Мариупол одбија ноќта меѓу неделата и понеделникот.
Вчера, генерал-полковник Михаил Мизинцев, началник на Националниот центар за контрола на одбраната на Руската Федерација, ги повика единиците на вооружените сили на Украина и баталјоните за територијална одбрана, како и странските платеници, да престанат со непријателствата, да го положат оружјето и се преминат на територијата која е контролирана од Киев.
– Во исто време, на сите оние кои ќе го положија оружјето им беше гарантиран безбеден излез од Мариупол и зачувување на животот.
Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук утрово изјави дека „не се зборува за предавање“ и дека руската страна е веќе информирана за тоа.