Денес е 182. ден од војната се навршува половина година од почетокот на специјалната воена операција што Русија ја спроведува во Украина. Руските сили активно се борат, покрај во Донбас, и во регионите Харков и Миколаев. Синоќа мета биле објекти и во областите на Днепропетровск, Запорожје и Харков.
Зеленски: Украина се прероди кога Русија изврши инвазија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им порача на Украинците во емотивниот говор по повод 31 година од независноста дека Украина се прероди кога Русија ја нападна.
„На 24 февруари во 4 часот наутро во светот се појави нова нација. Народ кој не плачеше, врескаше и не се плашеше. Оној што не побегна. Тој не се откажа, не заборава. Што е за нас крај на војната? Рековме: мир. Сега велиме: победа“, рече Зеленски.
Белорусија ѝ го честиташе Денот на независноста на Украина
Покрај многуте честитки денес за независнота на Украина пристигна и честитка од Белорусија.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко, некако изненадувачки, му го честиташе на украинскиот народ Денот на независноста.
Од почетокот на војната во Украина, Белорусија се позиционираше како главен сојузник на Русија во нејзината инвазија и им дозволи на руските трупи да влезат во Украина преку нејзината граница.
„Убеден сум дека денешните несогласувања нема да можат да ги уништат стогодишните темели на искрени, добрососедски односи меѓу народите на нашите две земји“, рече Лукашенко.
Столтенберг: Војната во Украина ќе заврши на преговарачка маса
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека војната во Украина „најверојатно ќе заврши на преговарачка маса“.
– Ќе ја поддржуваме Украина се додека е потребно – изјави Столтенберг за Скај њуз, а пренесе Би-би-си.
Утрински брифинг на Министерството за одбрана на Русија:
– Руската авијација уништи повеќе од 50 отсто од персоналот на 20-от баталјон на 93-та механизирана бригада на вооружените сили на Украина во областа Артјомовск. Воениот баталјон ја напушти оваа територија.
– Привремената база на 72. механизирана бригада на вооружените сили на Украина во областа Константиновка беше погодена од високопрецизно оружје на руските воздушни сили. Уништени се околу осум парчиња воена опрема, а убиени се 80 екстремисти.
– Во областа Лозова, кај реката Ингулетс, уништен е 18-от баталјон на 35-та поморска бригада на вооружените сили на Украина, уништени се шест возила и околу 80 екстремисти.
– Уништени пет магацини за муниција во регионите ДНР, Запорожје, Днепропетровск и Николаев;
– Уништени се повеќецевните фрлачи на гранати „Ураган“ и „Смерч“.
Гори трговски центар во Донецк
Како што пишува Некста, гори трговскиот центар Галактика во Доњецк.
На фотографијата која се појави на социјалните мрежи се гледа густ црн чад како извира од трговскиот центар.
Покрај фотографијата од местото на настанот, се појави и драматично видео.
Британското разузнавање: Русија очекува украински контранапад
Офанзивата на Русија во Донбас постигнува минимален напредок, а нејзините сили страдаат од недостиг на муниција, возила и персонал, според британските разузнавачи.
Во најновиот извештај на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство се вели: „Офанзивата во Донбас постигнува минимален напредок и Русија ја очекува голем украински контранапад. Оперативно, Русија страда од недостиг на муниција, возила и персонал. Моралот е низок во нејзините редови и нејзината војска е деградирана. Нејзината дипломатска моќ е намалена и нејзините долгорочни економски перспективи се мрачни“.
Турција: Враќањето на Крим на Украина треба да биде дел од договорот
Турција објави дека ја отфрла илегалната руска анексија на Крим и дека турската позиција по ова прашање не е променета, пренесува ТАС С.
Крим треба повторно да стане дел од украинската територија и тоа треба да биде дел од секој иден договор меѓу Киев и Москва, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин во интервју за Си-Ен-Ен. Руската анексија на Крим не е легална, а ставот на Турција за тоа не е променет од 2014 година, нагласи Калин, пренесе турската телевизија ТРТ.
„Ова треба да биде основа на секој договор што треба да се направи“, изјави турски функционер, пренесе ТАС С.