Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во 98-ми ден. Руската армија наскоро би можела целосно да ги ослободи Северодонецк и Лисичанск.
Британското Министерство за одбрана: „Руските сили се приближуваат кон центарот на Доњецк“
Руските сили се приближија до центарот на градот Северодонецк во источна Украина, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.
Во објава на Твитер, Министерството наведува дека повеќе од половина од градот веројатно е под контрола на руските сили, вклучително и чеченските борци.
Лидерот на руската република Чеченија Рамзан Кадиров синоќа соопшти дека целосното „чистење“ на Северодоњецк е завршено.
Украина доби напредни ракетни системи од САД
Соединетите Американски Држави ќе му обезбедат на Киев артилериски ракетни системи со голема мобилност кои можат прецизно да погодат цели оддалечени до 80 километри, откако Украина даде „гаранции“ дека нема да користи ракети за напад на руска територија, изјавија високи претставници на американската администрација.
Зеленски призна: Украинската армија губи стотици војници секој ден
Секој ден во борбите гинат 60-100 украински војници, а ранети се околу 500, изјави Владимир Зеленски во интервју за „Њузмакс“.
Како што наведе, ситуацијата на истокот на Украина е многу тешка.
Според него, Украинците се бранат на исток, додека во регионот на Харков одат во контра напад.
Зеленски рече дека Украина нема намера да се откаже од својата територија, но може да се разговара за тешкотиите поврзани со нив.
Тој додаде дека „ваквите дискусии се неопходни за да почнат овие тешкотии и предизвици да се решаваат по дипломатски пат, во спротивно нема да успееме“.