Денес е 65 ден од војната во Украина

Руси: Ја уништивме фабриката за вселенски ракети во Киев
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили ги уништиле производствените капацитети на фабриката за вселенски ракети во Киев.

Фабриката произведува високопрецизни ракети со долг дострел, пренесува Ројтерс.

Уништени згради во Киев
АФП објави снимка на која се гледаат тешко оштетените облакодери во Киев, врз кои руските сили вчера пукаа со гранати.

Убиен продуцентот на Радио Либерти
Вера Гирич, продуцентката на Радио Либерти, загина кога руска ракета ја погоди куќата во која живееше во Киев. Гранатирањето се случи на 28 април. Телото на починатиот беше пронајдено под урнатините утрото на 29 април.

Украина планира да ги евакуира цивилите од фабриката за челик Азовстал
Украина денеска планира операција за спасување цивили од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, соопшти кабинетот на претседателот на Украина Владимир Зеленски.

Планирано е да се отстранат цивилите од фабриката“, се вели во соопштението на кабинетот.

Гувернерот: Гранатиран руски контролен пункт
Руски контролен пункт во село на границата со Украина денеска е гранатиран, изјави за Ројтерс гувернерот на областа Курск.

Роман Старовојт изјави дека минофрлач погодил контролен пункт во Крупец, недалеку од украинскиот град Суми. Според него, во нападот нема жртви.

Старовојт, исто така, рече дека руските граничари и војската возвратиле на оган.

By Author