Специјалнатата воена операција спроведена од Русија во Украина влезе во својот 138 ден.
Резников: Украина има намера да собере милионска армија
Украина има намера да собере милионска војска со цел да ја врати контролата врз југот на земјата, најави министерот за одбрана Алексеј Резников.
Русите тврдат: погодени се магацините на украинската армија во реонот на Днепар
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека со ракетни напади на руската армија биле погодени магацини во централниот украински регион Днепар, кои биле користени за снабдување со ракетни фрлачи и артилериско оружје.
Се вели дека руските ракетни напади биле насочени кон украинската војска и странските борци во регионот на Харков.
Британската новинска агенција Ројтерс вели дека не може независно да го потврди овој извештај.
Киев припрема контра напад на Херсон од граѓаните побара да се евакуираат
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги повика цивилите во областа Херсон, јужна Украина, под контрола на Русија, веднаш да се евакуираат додека украинските вооружени сили подготвуваат контранапад.
„Јасно е дека ќе има борби и гранатирање. Затоа ги повикуваме луѓето веднаш да се евакуираат“, објави Верешчук на националната телевизија во неделата и нагласи дека не може точно да каже кога ќе се случи украинската контраофанзива.
Таа предупреди дека постојат сигурни сознанија дека во Керсон не треба да има жени и деца за да не се користат „како жив штит“, пренесува Ројтерс.
Руски хакер: Украинската разузнавачка служба работи со криминалци
Украинската разузнавачка служба работи со криминалци и шверцери за препродажба на западно оружје на „црниот пазар“, изјави руски хакер за РИА Новости кој сакаше да остане анонимен.
Американското разузнавање му обезбедува на Киев радарски податоци, како и сателитски снимки, вклучувајќи и руска територија, која потоа е изложена на ракетни и артилериски напади врз цивили, рече тој.