Денес е 27 ден од војната во Украина.

Во своето секојдневно ажурирање, украинското Министерство за одбрана објави дека руските сили имаат залихи на муниција и храна кои ќе траат „не повеќе од три дена“. Како што се наведува, руските сили имаат тридневни залихи на гориво, кои се надополнуваат со цистерни.

Во видео порака во понеделникот вечерта, украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека украинските вооружени сили ги отфрлаат руските сили и го забавиле нивниот напредок.
Тој додаде дека рускиот авион бил соборен во областа Харков, вториот по големина град во Украина.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави вчера дека Украинците ќе мора да гласаат на референдум за сите компромиси постигнати со Русија за да се стави крај.

Веќе повеќе од една недела руските сили не напредуваат во Украина, иако вршат страшни уништувања во поголемите градови, пред се во Киев.

Бидејќи не е ни блиску до освојување ни на Харков на исток, во близина на руската граница, а камоли главниот град Киев, се добива впечаток дека првата цел на руската армија е целосна контрола на јужниот фронт.
Затоа се толку важни битките што се водат во Маријупоље.

Генералштаб: Руските трупи го блокираат пристапот до Азовското Море

Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека руските војници го окупирале копнениот коридор кон Крим и го блокирале пристапот на Украина до Азовското Море, пренесува Укринформ.

Тие додаваат дека руските сили го загубиле офанзивниот потенцијал и продолжуваат да ги повлекуваат резервите од оддалечените региони на Русија.

Бајден: Путин размислува за употреба на биолошко и хемиско оружје

Обвинувањата на Русија дека Киев поседува биолошко и хемиско оружје се лажни и илустрираат дека самиот руски претседател Владимир Путин размислува да го употреби во војната против Украина, изјави во понеделникот американскиот претседател Џо Бајден, без да наведе докази.

By Author