Денеска е 45-ти ден од војната во Украина.

За денеска се договорени десет хуманитарни коридори, изјави вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.
„Еден од нив е за луѓето кои беа евакуирани со приватен превоз од Мариупол“, додаде Верешчук.

Полициски час во Одеса
Полицискиот час ќе биде во сила во Одеса на југот на Украина од вечерва до понеделник навечер. Воведувањето дојде по гранатирањето на железничката станица во Краматорск и заканата од ракетен напад, пренесува AFP.

Русија ја реорганизирала својата команда за операциите во Украина, и дека сега на чело е новиот генерал Александар Дворников, кој има големо искуство во борбените операции во Сирија, потврди за Би-Би-Си Западен функционер .

By Author