Во тек е 250-тиот ден од војната во Украина.
Руски проектил соборен од украински систем за противвоздушна одбрана паднал во Молдавија, соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи.
„Утрово проектил соборен од украинскиот противвоздушен систем падна во северниот дел на градот Наславц во Република Молдавија, кој се наоѓа на границата со Украина. Во моментов нема повредени, но оштетени се неколку куќи во Наславце“, јавува „Главком“.
Медиуми во УКР: Масовен ракетен напад на руските сили врз градовите во Украина
Руските сили утрово извршија ракетни напади врз неколку градови во Украина, јавуваат украинските медиуми повикувајќи се на регионалните власти.
Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, изјави дека има информации дека 40 руски проектили биле во воздушниот простор на Украина, пренесува Униан.
Као што се наведува, ракетирани биле Киев, регионот на Миколаев, Харков, Запорожје, како и регионот Виниција и Черкаси.
Претставниците на регионалните власти објавија дека на мета биле важни инфраструктурни објекти во регионите Харков, Запорожје и Черкаси.
Секретарот на градскиот совет на Запорожје, Анатолиј Куртев изјави дека по нападот дошло до прекин на електричната енергија, пренесува Интерфакс Украина, додека Униан наведува дека работата на градското метро е во прекин.
Русија е подготвена да донира 500.000 тони за сиромашните земји
Понатамошниот извоз на жито од украинските пристаништа е неизвесен, откако Русија ги извести Обединетите нации дека се повлекува од договорот поради нападите врз бродовите на Црноморската флота и цивилните бродови во водите на Севастопол.
Седиштето на ОН апелира да се обнови договорот за транспорт на жито.
Рускиот министер за земјоделство Дмитриј Патрушев изјави дека Русија е подготвена да донира 500.000 тони жито на сиромашните земји за да се избегне глад во нив. Русија и предходно беше подготвена да ги донира сите залихи на вештачки ѓубрива што сега се наоѓаат во пристаништата на западноевропските земји.
Ројтерс: Серија експлозии утрово се слушнаа во Киев
Серија експлозии се слушнале утрово во украинскиот главен град Киев, според сведоци на Ројтерс од градот, а регионалните власти во северна, источна и централна Украина пријавиле и ракетни напади.
Очевидци јавуваат дека чад се издига над Киев по десетина експлозии.
Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека градот бил погоден од две ракети насочени кон „критична инфраструктурна установа“.
Русија ги засили ракетните напади врз Украина во последните неколку недели, откако го обвини Киев за експлозијата што го оштети мостот на Крим.