Денеска е 154-от ден од војната во Украина.

Харков повторно е нападнат, погоден со ракети С-300
Вториот по големина украински град Харков беше погоден од руски ракетен напад, изјави градоначалникот на градот, Игор Терехов.

„Во 4 часот и 25 минути беше гранатиран индустрискиот кварт Харков. Беше погоден од две ракети С-300“, напиша Терехов на својот „Телеграм“ профил.

Украинците се насочени кон клучниот мост во Херсон

На социјалните мрежи се појавија повеќе видеа за кои се тврди дека го прикажуваат моментот кога на мета бил еден од клучните мостови во Херсон, пишува Гардијан.


Украинските војници го нападнаа единствениот мост над реката Днепар во Херсонската област, кој руските сили го користат за снабдување, соопшти денеска заменик-шефот на управата на Херсонската област Кирил Стремусов.

Украинската армија го изврши нападот користејќи американски повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС, рече Сремусов, пренесува АП. Гранатираниот мост е главниот премин преку реката Днепар во Херсонската област, а единствената друга опција за преминување на реката е браната во хидроцентралата Каховка, која исто така беше под украински напад минатата недела, но остана отворена за сообраќај, според АП.

Британското разузнавање: Вагнеровите платеници напредуваат во Донбас
Министерството за одбрана на ОК го објави својот редовен извештај во кој се наведува дека руската приватна воена компанија „Вагнер“ „веројатно успеала да направи тактички напредок во Донбас околу електраната Вулехир и блиското село Новолуханске“. Според извештаите, претходно украинските сили најверојатно се повлекле од областа.

Снимка од мостот на реките Днепар што го гранатираше украинската армија
Белорускиот опозициски медиум NEXTA објави видео за кое се вели дека е снимено на мостот Антоновски во окупираната област Херсон.

Договорот за извоз на жито може да пропадне
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко изјави дека договорот за деблокирање на извозот на украинското жито во Црното Море, со посредство на Турција, може да пропадне доколку што поскоро не се отстранат пречките за рускиот земјоделски извоз, пренесе Интерфакс.

Погоден е хотел во регионот на Доњецк, најмалку една жртва
Најмалку едно лице загина денеска, а четворица се повредени во руски напад во градот Бахмут во областа Доњецк, кога беше погоден хотел, соопштија локалните власти.

„Според прелиминарните информации има мртви и повредени, а спасувачките операции се во тек“, изјави на Фејсбук гувернерот на Доњецката област Павло Кириленко.

Литванија му стави забрана на патријархот Кирил
На патријархот Московски и на цела Русија Кирил му беше забранет влез во Литванија. Забраната за влез на патријархот Кирил е поради, како што тврди, поддршка на руската специјална воена операција во Украина, јавува денеска литванскиот портал ДЕЛФИ, повикувајќи се на литванското Министерство за надворешни работи.

Забраната ќе важи до 27 јули 2027 година, соопшти Министерството за надворешни работи на Литванија.

Песков: Постигнат е договор за транзит на стока до Калининград
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека прашањето за транзит на стоки во најзападниот регион на Русија, Калининград, е „позитивно решено“.

Европската унија сфати дека прашањето за транзит на стоки до енклавата Калининград е „суштински важно“ за Русија, рече Песков.

By Author