Денеска се навршуваат 72 ден од почетокот на војната во Украина
Гранатирањето на Азовстал не престанува
Од вчера непрекинато трае евакуацијата на цивилите од Мариупол, но, како што изјавија од кабинетот на претседателот на Украина Зеленски, руското гранатирање на Азовстал не стивнува.
Жените и многу деца се уште се таму“, рече Зеленски во четвртокот навечер. ОН исто така повикуваат на евакуација од локацијата и нагласуваат дека многу цивили се уште се кријат во бункери. Според CNN, фабриката за челик во Мариупол е последното упориште на украинската армија на југот на земјата.
Од вчера од Мариупол се евакуирани над 500 луѓе
Речиси 500 луѓе се евакуирани во заедничка операција на ОН и Црвениот крст од Азовстал, Мариупол и околните области, објави на Твитер генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Евакуацијата ја извршија два хуманитарни конвои.
„Се надевам дека континуираната координација со Москва и Киев ќе овозможи повеќе прекини на огнот за да се овозможи безбедно минување на цивилите“, најави Гутереш.
Денес се очекува нов конвој на Обединетите нации да ги евакуира последните цивили од фабриката за челик Азовстал во Мариупол.