Денеска е 76 ден до почетокот на војната во Украина.
Напад на Одеса
Во Одеса руски ракети погодија туристички локации во тој град и уништија пет згради. Едно лице загина, а пет се повредени во ракетен напад на руските сили врз Одеса, соопшти украинската оперативна команда „Југ”. Украинските медиуми јавија дека трговскиот центар гори.
Гранатирани два хотели и трговски центар во Одеса, има мртви
Три ракети „Дагер“ – нови руски хиперсонични ракети – беа истрелани од авион и ја погодија туристичката инфраструктура во Одеса. Не е познато зошто биле погодени двата хотела и кој престојувал во нив.
Трговскиот центар бил погоден со седум проектили, соопшти Јужната оперативна команда на вооружените сили на Украина. Во нападот се повредени пет лица, а едно починало, се вели во соопштението.
Борбите продолжуваат околу Азов
Продолжуваат борбите околу железарницата Азовстал. Се проценува дека десетици украински борци се скриени во бункерите на металуршкиот комбинат. Петро Андриушченко, градоначалникот на Мариупол, тврди дека руските сили извршиле напад врз фабриката за челик, фокусирајќи се на уништување на мостот за евакуација.
Американците испраќаат уште 39,8 милијарди долари во Украина
Демократите во американскиот Конгрес се согласија на предлогот за обезбедување дополнителна помош за Украина од 39,8 милијарди долари, изјавија двајца извори запознаени со предлогот.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му се заблагодари на претседателот на САД, Џозеф Бајден за потпишувањето на законот за демократија за Украина и тој чекор го нарече „историски“.