Шест лица се здобиле со полесни повреди кога комбе влетало во тераса на кафуле во центарот на Брисел, соопштија пожарникарите и обвинителите.
Возачот на комбето денеска околу 13 часот по локално време побегнал од местото на настанот со возило и по него се трага, изјави портпаролот на бриселското обвинителство.
Никој од повредените не барал болничко лекување.
Не е јасно дали овој инцидент е несреќен случај или е направен намерно.
Очевидци за белгиските медиуми изјавија дека комбето влегло во улицата Сен Мишел, која води до прометната шопинг зона на градот, со чкрипење гуми и изгледало дека требало да удри во кафуле, а потоа се свртело со голема брзина и тргнало во друга насока.