Заљубените парови во овие хороскопски знаци конечно ќе ги надминат сите разлики
Речиси е невозможно да не сте заљубени оваа недела ако сте еден од овие три хороскопски знаци.
Биковите, Девиците и Шкорпиите ќе уживаат во астролошки транзит што значи прилично големо задоволство на полето на љубовта и работата, пренесува „YourTango“.
Заљубените парови во овие знаци на Зодијакот конечно ќе ги надминат сите разлики, ќе научат лекции кои ќе влијаат на нивниот љубовен живот, а целата убавина започнува веќе на 1 ноември.
БИК
Ако некој ве праша дали вашата врска е стабилна, ќе му кажете дека е, па дури и да не е така. Тоа е местото каде што сте сега. Се чувствувате одлично без разлика што се случува во вашиот живот.
За среќа покрај себе имате емотивен партнер кој не оди никаде, а тоа ве прави уште посреќни. Оваа недела е периодот кога ќе сфатите колку навистина имате среќа на љубовното поле, па уживајте во сета оваа убавина.
ДЕВИЦА
Ноември прави чуда за вас кога станува збор за надежта и ветувањето. Прв ден од овој месец, а вие веќе чувствувате дека нешто кликнало помеѓу вас и вашиот партнер.
Сите сомнежи и несогласувања исчезнуваат иако никогаш не сте ни зборувале за тоа. Денес се чувствувате како да е првиот ден по долго време каде нема за што да се грижите и конечно чувствувате мир и олеснување.
Партнерот не бара ништо од вас освен да бидете присутни во неговиот живот, а вие ќе бидете повеќе од среќни едноставно да поминете време со саканиот.
ШКОРПИЈА
Денеска доаѓа молк, тоа е забележливо и неочекувано. Ова е тишината помеѓу вас и саканата личност, па иако нема зборови, и двајцата знаете што значи таа тишина. Тоа значи „те сакам“.
Имате среќа во љубовта оваа недела затоа што можете да споделите нешто толку едноставно со саканата личност, како самата Венера да слезе од рајот за да ви го даде тоа прекрасно мало засолниште на љубовта.