На 27 и 28.08.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај три автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(52) од Куманово, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Тетово и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(67) од Скопје било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица-соопштуваат од МВР.