Тлото во Турција останува нестабилно по двата разорни земјотреси што ја погодија земјата на 6 февруари.

Бројот на жртвите од разорните земјотреси во Турција и соседна Сирија надмина 47.000, а сеизмолозите континуирано бележат тресење на тлото.

Денеска околу 10 часот по наше време е регистриран земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, додека утрово е регистриран земјотрес со јачина од 4,4 степени.

Пред зори беше регистрирана серија земјотреси со јачина од 3,4 до 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Да потсетиме, по земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала што ја погодија Турција пред 16 дена, беа забележани повеќе од 7.000 последователни потреси.

За жал, во понеделникот 11 лица загинаа кога земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени ја погодија провинцијата Хатај.

Во таа прилика беа урнати неколку објекти кои беа тешко оштетени во разорниот удар.

By Author