Утрово се случил инцидент во атарот на селото Јастрбник на падините на Осоговските планини. Пеесет и пет годишниот ловец од Кочани се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот.

Тој бил тешко повреден при истрел од ловечка пушка од ненов колега.

-Нашата интервентна екипа учествуваше во извлекувањето на повредениот од стрмниот и тешко пристапен дел во кој ловел. со сериозна повреда на левата страна во слабинскиот дел го предадовме на итната медицинска помош, која го транспортираше до болницата во Кочани, изјавил Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица.

Од оделението за внатрешни работи дека ловецот кој пукал во својот колега е приведен и против него е поведена истражна постапка, а ловечката пушка е одземена.

извор-МИА

By Author