Велешанец прегази 11 годишно дете заедно со нејзината мајка и побегнал. 11 годишното девојче загинало, а неговата мајка е тешко повредена.
Сообраќајката се случила вечерва во близина на училиштето Васил Главинов во Велес, на пешачки премин.
На местото на несреќата, е извршен увид од страна на полицијата во присуство на јавен обвинител.
Неофицијално дознаваме дека возачот е се уште во бегство, но полицијата на местото на несреќата пронашла регистарски табличка и веќе го знае идентитетот на сопственикот на возилото, кое го усмртило девојчето, а тешко ја повредило неговата мајка.