Според британскиот весник Тајмс – најважната победа на Русија од почетокот на специјалната операција во Украина е зголемувањето на обемот на извозот на руската пченица и растот на нејзините цени.
Британскиот весник пишува дека од крајот на февруари, украинскиот извоз на пченица е значително намален поради усложнувањето на процесот на извоз на жито. Според него, повеќе од 20 милиони тони украинска пченица скапуваат во силоси и трговски бродови низ целата земја. Ова има сериозно влијание врз економијата на земјата, имајќи предвид дека прехранбениот и земјоделскиот сектор сочинуваат 10% од БДП на Украина.
Киев е петти по големина извозник на пченица, а цената на житото веќе е зголемена за 60% од почетокот на годината, приближувајќи се на рекордното ниво. Во исто време, Русија – водечки светски извозник на пченица – ја пополнува празнината продавајќи не само повеќе стоки, туку и по повисоки цени, истакнува авторот.
Според Набил Мседи, извршен директор на компанијата за истражување на земјоделскиот пазар АгФлоу, пред операцијата извозот на украинската пченица и пченка растел, додека рускиот извоз опаѓал. Сепак, во април извозот на пченица од Украина е намален за 32 отсто во однос на април 2021 година, додека извозот од Русија, напротив, е зголемен за 18 отсто. Компанијата проценува дека приходите на Русија од данокот на извозот на пченица оваа сезона изнесуваат 1,9 милијарди долари.
– Загубата на украинскиот извоз речиси целосно се совпаѓа со растот на рускиот извоз. Затоа, ова може сосема прецизно да се толкува како туркање на трговскиот конкурент во втор план, рече Мседи.
Тајмс укажа на тоа дека, Русија и Украина имаат многу заеднички извозни партнери, главно во Северна Африка и Блискиот Исток.
Соочени со можноста за недостиг на храна, многу од нив се свртуваат кон Русија за да го надополнат недостигот.
Русија постојано нагласува дека влошувањето на глобалната прехранбена криза се развива како последица на воведувањето санкции. Во исто време, според прогнозите, во Русија се очекува добра жетва на жито.