БИТАНАЦ (70) е уапсен бидејќи ја силувал својата ќерка (34) на напуштена плажа во одморалиштето Мали, на грчкиот остров Крит.
Неидентификуван маж е уапсен во саботата, откако неговата ќерка два дена претходно отишла во полиција за да каже дека била нападната во градот Мали, објави Дејли мејл.
Оштетената признала дека била пијана и рекла дека на ништо не се сеќава и дека не го видела напаѓачот, освен дека бил облечен во целосно бела облека. Полицајците кои ја прегледале снимката од безбедносните камери рекле дека парот пиел заедно во барот кога таткото направил непристојни гестови кон својата ќерка, ја удирал со тупаница по лицето, а потоа ја силувал на напуштена плажа.
Полицијата вели дека нејзиниот татко носел целосно бела облека. Лекарите за локалниот весник „Неакрити“ изјавиле дека жената имала повреди што укажува дека се предизвикани од камења и гранки пронајдени на плажата. Инспекторите додале дека таа имала и повреди кои укажуваат на силување, како и дека биле собрани примероци од ДНК.
Полицијата го уапсила нејзиниот татко во саботата и го одвела во локалната судска канцеларија каде што е обвинет за кривични дела силување, сексуална злоупотреба и семејно насилство.
Мажот се изјаснил за невин и остро негирал дека е одговорен, пишуваат локалните медиуми. Се вели дека жртвата е во неверување и ѝ кажала на полицијата дека нејзиниот татко не можел да го изврши нападот, објави Дејли мејл.
Полицијата ќе го задржи таткото во притвор најмалку до вторник. Грчкиот закон дозволува намалени казни за луѓето кои ја признаваат својата вина и се извинуваат.