Сјер ден Дас, холандскиот новинар на NOS, стана планетарно популарен по една непријатност што ја доживеа додека известуваше од Зимските олимписки игри во Кина.
Имено, неколку членови на обезбедувањето прво го опколиле, а потоа еден буквално го одвлекол од камерата.
Работата да биде полоша, неговиот ангажман траеше во тој момент, па водителката во холандското студио најпрво остана без зборови и нервозно ја гризна усната.
Ова, како што се очекуваше, привлече големо внимание во јавноста бидејќи беше сомнително прашање за слободата на сите оние кои тргнаа кон Пекинг. Мерките се ригорозни и нема флексибилност.
„Тоа беше изолиран настан и нема да влијае на покривањето на странските медиуми за Зимските олимписки игри во Пекинг“, соопшти Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Засега не се знае зошто работниците од обезбедувањето насилно го прекинале вклучувањето на овој новинар.