Иако, кога помислуваме на авокадо, гуакамоле е нашата прва мисла, тоа не е единственото јадење што можете да го направите од ова овошје.
Од само неколку состојки, можете да направите сладолед од авокадо кој нема да биде полн со шеќер, вештачки бои и нездрави масти.
Здравите масти што ги содржат авокадото ќе му дадат кремаста структура на овој сладолед, додека истовремено ќе има корисен ефект врз холестеролот. Со сето тоа, една порција од овој сладолед содржи само 140 калории.
Бидејќи авокадото е овошје кое нема изразен вкус, бананите се идеален избор за природен засладувач бидејќи ќе му дадат посебен шмек на сладоледот. Секако, можете да додадете и урми, или некое друго овошје што дополнително ќе го подобри вкусот.
Во продолжение погледнете го брзиот и лесен рецепт за овој вкусен сладолед.