Бајрами Орхан – Оки(39), познат бизнисмен од Скопје и сопственик на казино, беше брутално убиен синоќа на Халкидики.
Грчката полиција трага по убијците на македонскиот бизнисмен Орхан Бајрами (39), кој синоќа беше брутално ликвидиран во Ханиоти.
Непознати лица упаднале во сместувањето каде Бајрами бил сместен со пријател и испукале повеќе од 20 истрели. Во нападот бил ранет и Сеад С.(45), кој итно бил пренесен во болница.
Медиумите јавуваат дека напаѓачите носеле фантомки и дека кришум влегле во хотелот во кој спиел Бајрами, инаку сопственик на казино и фабриката за пијалаци.
Потоа испукале повеќе од 20 куршуми кон Бајрами и неговиот другар и побегнале. Тие, наводно, избегале со мотор.
Полицијата набрзо била повикана од непознато лице кое кажало дека слушнала врисоци и лелеци. На местото на настанот брзо пристигнале патроли, но Бајрами и неговиот пријател веќе биле пренесени во болница. Бајрами набрзо била констатирана смрт, додека лекарите му укажале на Сеад С., но сеуште не се знае неговата состојба.
Според грчките медиуми, Бајрами денеска напладне требало да го напушти хотелот на Халкидики.
Убиениот Бајрами е дел од кланот Дуќанџик/Грчец кој со години е во војна со другиот клан од Скопје Барон, потврдија за Телма добро информирани полициски извори.
Грчките медиуми повикувајќи се на тамошни полициски извори од Халкидики известуваат дека убиството личело на мафијашка одмазда.
Нападнатите денеска на пладне требало да се отчекираат и да го напуштат луксузниот ресорт каде изнајмување на апартман за еден ден чини по 600-тини евра. Полициски извори од Грција тврдат дека на убијците тоа им било познато.
Во апартманот покрај убиениот и ранетиот имало уште три лица, еден маж и две девојки, но тие не биле погодени.
Ханиоти е блокирано со полициски патроли, а се проверуваат и граничните премини кон Македонија, Бугарија и Турција бидејќи се претпоставува дека убијците се дојдени надвор од Грција и ќе бегаат преку границите.
Убиениот Бајрами беше близок со двајцата застрелани во Шиша бар во вооружениот напад кој се случи на почетокот на март во старата скопска Чаршија.
Повеќе години меѓу двата кланови се случува војна во која има повеќе убиени и застрелани, а убиствата остануваат нерасветлени.
Двете групи се во битка за територија за криминални зделки со дрога, рекет и кражби, како и обид преку градежништво да ги перат и легализираат криминално заработените пари.
Имаат добри врски во политиката, полицијата, судството и обвинителството поради што успешно бегаат од правдата. Има и фотографии на убиениот Бајрами со претседателот Пендаровски, иако политичарите постојано тврдат дека станува збор за фотографии со граѓани кои случајно ги среќеваат на политички настани, а не за познанства и лични врски.