Скандалозна приказна се шири низ странските медиуми: се чини дека принцот Јоаким од Данска е безнадежно вљубен во својата снаа, принцезата Мери.

Скандалозна недела во данскиот замок откако кралицата Маргарет реши да им ги одземе титулите на децата на својот најмлад син. Принцот Јоаким тврди дека неговите деца Николај, Феликс, Хенрик и Атина се „вознемирени“ по одлуката на кралицата.

Во екот на споменатиот скандал, принцот Јоаким (53) и неговата сопруга принцезата Мари (46) признале дека немаат добри односи со престолонаследникот Фредерик (54) и неговата сопруга Мери (50).

Меѓутоа, сега шпанскиот магазин излезе со скандалозни тврдења. Имено, според нив, расколот во кралското семејство на Данска настанал затоа што принцот Јоаким е „длабоко вљубен во својата снаа Марија!“

Дури беше објавено видео на кое се гледа како Јоаким се обидува да ја бакне Мери на гала забавата на полкот на кралската гарда.

Шпанскиот магазин потсети: – Очигледно пијан, изгледа дека помладиот син на кралицата Маргарет се обидел да ја бакне во уста својата снаа, но дека таа избегнувала колку што можела со слаба насмевка на усните, додека неговата сопруга Мери била сведок на овој срамен чин.

Странските медиуми шпекулираат дека Јоаким бил „длабоко вљубен во својата снаа“ веднаш по свадбата на принцот Фредерик и Марија во 2004 година.

– Не помогна ниту тоа што во 2007 година ја објави свршувачката со една Французинка (принцезата Мари) која дури го има истото име и неверојатна сличност со неговата снаа – пишува магазинот.

Кралското семејство реши да ги демантира овие гласини со заеднички официјални посети на принцовите и принцезите на Данска.

Кралицата Маргарет и нејзиниот најстар син одбија да ги коментираат новите наводи.

By Author