Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, бившиот боксер кој беше во Давос, во разговор за швајцарскиот весник „Ле Кантон 27“ им се заблагодари на Албанците и на т.н. воената поддршка од Косово, но и солидарноста со украинскиот народ, велејќи дека „Украинците се борат против рускиот окупатор, како што порано се бореа Албанците против српскиот окупатор“.
Многу ми е драго што за прв пат запознав албански новинар, што е добра можност да ви пренесам порака на вас, албанскиот народ на Балканот. Слушнавме и читавме дека вие Албанците, како и ние Украинците, сте мирољубиви, слободољубиви, но и борци. Денеска се бориме против рускиот режим кој се обидува да ја окупира Украина, како вие кои некогаш бевте окупирани од Србија…, вели Кличко за швајцарскиот весник, пренесува Косово онлајн.
Градоначалникот на Киев, исто така поранешен светски шампион во бокс, им се заблагодари на Албанците за солидарноста со Украина, како во воен аспект, така и во хуманитарна помош.
– Верувам дека ние во Украина, покрај Бога, ќе ја вратиме оваа поддршка и на нашата земја, на нашиот народ. Благодарам Косово, благодарам Албанци. „Како што вие бевте ослободени од Србија, ние ќе бидеме ослободени од Русија“, рече Кличко.
Виталиј Кличко за да ја споредува Украина со Косово треба да знае дека постои наука историја и некогаш може нешко и од неа да се научи и разјасни.