Хамас рано утрово лансираше ракети кон Тел Авив и Ерусалим.
Израел вети дека ќе продолжи да ги цели исламистичките фракции во Газа, и покрај предвидувањата на американскиот претседател Бајден дека нивниот конфликт може да заврши наскоро.Немаше директна информација за жртви од ракетниот напад, поради што сирените се огласија сè до северниот дел на Нахалал, 100 километри од Газа, поради што илјадници Израелци мораа да одат во засолништа, пренесува Ројтерс.
Израел пак утрово лансираше ракети кон северниот град Газа. Според телевизискиот канал Ал-џезира, биле извршени воздушни напади врз областа Шеик Радван, а телата на две лица биле пронајдени под урнатините на урнатиот дом. Најмалку 67 лица се убиени во Газа од понеделникот кога ескалираше ситуацијата, соопшти Министерството за здравство на Појасот Газа.
Во последните неколку часа, неколку градови во Израел беа ракетни. Според извештаите, ракетите летале кон Нетивот, Ашкелон и Бершева, каде се слушнала силна експлозија. Тел Авив исто така беше ракетиран, а ИД известува дека сирените за тревога се слушаат и во главниот град.Портпаролот на Хамас, изјави дека реакцијата на Хамас досега е само мал дел од капацитетите што ги поседуваат.„Колку што Израел ги интензивира своите напади, ние ќе ги интензивираме нашите удари и имаме уште многу изненадувања“, предупреди тој, пренесува Харец.
Нов вид ракета
Хамас објави дека е истрелан нов вид ракета во правец на аеродромот Рамон, на југот на Израел – Ајас 250, која како што тврдат, може да погоди кој било дел од Израел.Голем број летови беа пренасочени кон аеродромот Рамон денес од меѓународниот аеродром во Израел Бен Гурион.Опсегот на новата ракета е 220 километри, пишува Харец.Портпаролот на Хамас, Абу Обеида, изјави дека воениот командант Мохамад Деиф ги повика „меѓународните авиокомпании веднаш да ги прекинат летовите кон кој било аеродром во окупирана Палестина“, пишува „Тајмс оф Израел“„Му кажуваме на непријателот: вашите аеродроми и секоја точка од северна Палестина до нејзиниот југ се во рамките на нашите ракети“, рече Абу Обеида.
Израел тек ќе им одговори а САД само ќе ја подгреаат ситуацијата предупредуваат експертите.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара да му се одржи остра лекција на Израел за односот кон Палестинците од друга страна пак претседателот на САД Џо Бајден одржа средба со израелскиот премиер по која истакна дека Израел има право да се брани кога илјадници ракети дневно паѓаат на негова територија а Русија одамна ги има засладено односите со Палестина од тука експертите сметаат дека ситуацијата нема да се смири за брзо.