Во соопштението од Бакингемската палата се наведува дека Едвард ќе ја носи титулата војвода од денеска, 10 март, денот кога ќе го прослави својот 59-ти роденден.

Принцот Едвард е именуван за нов војвода од Единбург, преземајќи ја титулата што некогаш ја држеше неговиот татко, принцот Филип.

Во соопштението од Бакингемската палата се наведува дека Едвард ќе ја носи титулата војвода од денеска, 10 март, денот кога ќе го прослави својот 59-ти роденден.

По смртта на принцот Филип во 2021 година, Едвард презеде многу од должностите на неговиот татко.

Едвард ќе ја носи титулата доживотно. Сопругата на Едвард, Софи, сега е војвотката од Единбург, а нивниот син Џејс стана гроф од Весекс.

„Новиот војвода и војвотката од Единбург се горди што го продолжуваат наследството на принцот Филип за промовирање можности за младите луѓе од сите потекла да го достигнат својот целосен потенцијал“, се вели во соопштението на палатата.

By Author