Ви претставуваме лесен начин како да ги раздвоите без никаков ризик од кршење
Сите барем еднаш сме се нашле во ситуација да извадиме две заглавени чаши од кујнскиот ормар или откако ќе ги исушиме и тие одбиваат да се разделат.
Ви претставуваме лесен начин како да ги раздвоите без никаков ризик од кршење.
Повеќето од нас малку ги мрдаме додека не се олабави местото каде што се заглавени и потоа ги раздвојуваме, но секогаш постои тој напнат момент кога се поставува прашањето дали сепак може да се скршат.
За да избегнете ризик, најдобро е да ја наполните горната чаша со малку мраз, а потоа да ја ставите долната чаша во мијалник или сад со топла вода.
Дајте им неколку секунди да „проработат“; разликата во температурата на стаклото ќе си ја заврши работата.
Потоа само одвојте ги. Ќе се слушне карактеристичен „plup“ звук.
И тоа е начин да одвоите две чаши без многу сила и да се грижите дали ќе го скршите стаклото.