Викторија Бекам е позната по својата „ледена насмевка“, а сега ни даде можност да ја видиме од другата страна

Викторија Бекам сподели фотографија со својата снаа, Никола Пелц, чиј роденден е денес. Ова е ретка можност за Викторија јавно да споделува спонтани фотографии, па за многумина ова е вистинско изненадување.

Модната дизајнерка (48) објави стара фотографија од себе и Никола кој денеска полни 28 години.

Викторија реши на јавен начин да и го честита роденденот на својата снаа. Таа го направи тоа со едноставна пеститка „Се надевам дека ќе имаш прекрасен ден“.

Странските медиуми често ги спомнуваа Викторија и Никола во контекст на кавги и лоша врска, но според фотографијата се чини дека мајката и снаата одлично се сложуваат. Фотографијата изгледа сосема искрено, тие седат на маса и уживаат во вино и храна.

By Author