Нападот на селото Хроза, западно од Купијанск, е еден од најсмртоносните напади врз цивили од почетокот на војната, јавува Би-Би-Си.

Украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко соопшти дека руската ракета која денеска уби 49 лица во селото Гроза кај градот Купјанск погодила продавница во близина на кафуле каде се одржувала комеморација за жител на селото кој неодамна загинал.

https://twitter.com/sternenko/status/1709932647206834526?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1709932647206834526%7Ctwgr%5E6f2ad2a54aba2f009f6ac2df5d09097894dcb060%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3761161-jedan-od-najsmrtonosnijih-napada-od-pocetka-rata-u-ukrajini

Тој додаде дека во областа на експлозијата имало околу 60 селани.

„На комеморацијата имаше по еден човек од секое семејство“, рече Клименко, додавајќи дека досега се идентификувани 29 од 49 убиени и дека во целото село живеат околу 330 луѓе.

Како што пренесува Индекс.хр, тој рекол дека полицијата се сомнева дека локален жител на селото ја информирал руската војска дека во кафулето се одржува масовен собир, но не соопшти дополнителни детали.

By Author