Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи во понеделник на 19 септември, соопшти Бакингемската палата.
Погребот ќе се одржи во Вестминстерската опатија.
Кралицата ќе биде погребана во црквата каде што се сместени британските кралеви и кралици и каде Елизабета Втора се омажи за принцот Филип во 1947 година.
Погребот ќе се емитува на телевизија, а се очекува присуство на многу државници, британски и меѓународни.
Службата најверојатно ќе ја води Дејвид Хојл, а проповедта ќе ја одржи надбискупот од Кентербери Џастин Велби.
Премиерката Лиз Трас може да биде поканета да одржи говор, пишува Би-Би-Си.
Да потсетиме дека кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот во замокот Балморал на 96-годишна возраст.
Кралот Чарлс Трети денеска соопшти дека денот на погребот на неговата мајка ќе биде државен празник во Велика Британија.