Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 117 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за управување под дејство на алкохол.
Изречени се шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 12 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.