Во текот на вчерашниот ден (28.04.2022) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Макеоднија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 237 возачи. Од нив, 145 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 44 возеле без возачка дозвола, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-соопштуваат од МВР.